Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.
Регистрирани сe 208 оздравени пациент од: Скопје – 90, Охрид – 37, Куманово – 17, Штип – 13, Велес – 10, Битола – 9, Кавадарци – 7, Крива Паланка – 5, Неготино – 4, Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Кичево – по 2.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.