Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.365 тестови, а регистрирани се 223 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 131, Прилеп – 19, Битола – 15, Тетово – 11, Куманово и Велес – по 7, Штип, Неготино и Ресен – по 4, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар, Охрид и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (223), регистрирана е 37 реинфекција.
Регистрирани сe 174 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Кавадарци и Гевгелија – по 7, Куманово – 6, Битола и Велес – по 4, Ресен и Крива Паланка – по 3, Гостивар и Неготино – по 2, Штип, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (74г и 75г) и едно починато лице од Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78г). Починатиот е пријавен на 24.02.2022. Пријавеното лице е починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.906.808 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079 а бројот на активни случаи изнесува 2.871.