По предлогот на Кризниот штаб за олабавување на рестриктивните мерки и промена на полицискиот час, Владата на денешната седница одлучи полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот во утринските часови.
Според новите мерки се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници, а настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи. Сите затворени објекти ќе можат да ги исполнуваат своите капацитети до 30 проценти, а градинките ќе можат да го зголемат бројот на децата во групите, така што сега тој број ќе се движи од 15 на 20 деца во група.
Ваквата одлука ќе важи од 13 до 18 мај, а причината е намалување на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица. Инаку одлука се донесе по предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба.