Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој вчера животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност.
– Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност, соопшти Јавното обвинителство.