Пациентите кои биле отпуштени од болница откако се опоравиле од новиот коронавирус, но на подоцнежните тестови повторно биле позитивни на Ковид-19, се утврди дека не се заразни.
Тоа го изјави денеска официјалниот претставник на кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ) Гуо Јанхонг на дневна прес конференција.
Гуо додаде дека има потреба да се продлабочи разбирањето за новиот вирус и да се подобри мониторингот на здравјето и третманот на пациентите закрепенати од коронавирусот.