Онколозите алармираат: За една година во Русија се регистрирани околу 480.000 нови случаи на рак, а веќе починале 280.000, односно 15% од нив.
Постојат бројни симптоми и признаци кои укажуваат на присуството на канцерогени клетки во организамот. Денес ви откриваме кои се симптомите за рак во најрана фаза, кои не треба да ги занемарувате, бидејќи навременото откривање на болеста, ги зголемува шансите за успешно лекување.
Рани симптоми на рак кај жени:
1. Подуеност на стомакот – Постојаното чувство на подуеност на стомакот, без било какви причини, може да биде индикатор за рак на јајчниците. Доколку по оброкот, следува чувство на презаситеност и истовремено чувствувате неудобност во долниот дел од грбот, која трае во продолжение од неколку недели, тогаш е неопходно да го посетите вашиот гинеколог. 2. Нередовно крварење –Дури и една капка крв да се појави на долната облека за време на менопауза, тогаш под итно треба да посетите гинеколог. Овој симптом може да биде поврзан како со онкологијата, но и со други сериозни заболувања, како ендометриоза. 3. Болка во пределот на стомакот и карлицата –Постојаната болка во пределот на карлицата, укажува на проблеми со јајчниците, па затоа неопходно е да посетите гинеколог.
Рани симптоми на рак кај мажи
1. Постојани болки во грбот- Иронично, ракот на простатата и ракот на дебелото црево кај мажите речиси секогаш се пропратени со постојана болка во грбот. Но, не кревајте паника веднаш. Болката во грбот може да биде предизвикана од разни фактори, па затоа е потребно да направите лекарски преглед. 2. Промена на тестисите- Најдобрата превенција за рак на тестисите мажите редовно да се прегледуваат самите себе. Потребно е постојано да ја прегледуваат оваа област од нивното тело во случај да забележат промена на бојата, формата или местото на тестисите. 3. Болка во слабините и колковите- Хроничната болка и подуеноста во овој дел од телото, може да укажува за рак на простатата или рак на тестисите.
Рани симптоми на рак и кај мажи и кај жени
1. Постојана кашлица- Продолжената и длабока кашлица, која едноставно не исчезнува при лекувањето со традиционалните методи, е состојба на која треба да се обрати посебно внимание. Не мора веднаш да значи дека е индикатор за онколошко заболување, но сепак мора да се посети лекар.
2. Нагла загуба на телесната тежина- Доколку наеднаш и необјасниво започнете да губите од телесната тежина, тогаш проверете ја прво вашата штитна жлезда. Овој симптом може да укажува на сериозен хормонски недостаток или рак на одредени органи, особено на белите дробови, панкреасот, стомакот и слично.3. Промени во градите – Ракот на градата не е само карактеристичен за жените. Иако кај мажите се случува поретко, сепак е возможна појава. Онколозите препорачуваат мажите во ниту еден случај да не ги игнорираат промените во овој дел од телото. 4. Промени на кожата- Редовно прегледувајте ги сите бенки по вашето тело- Доколку нивната боја и форма се промениле и се зголемуваат во обем, тогаш непходно е да посетите лекар. 5. Промени во устата- Секакви рани, бели дамки во устата и на јазикот, кои долго време не исчезнуваат може да бидат симптом на појава на рак. 6. Неочекуван хроничен замор- Доколку од наутро до вечер се зафатени со работа, а во вечерните часови времето го поминувате на социјалните мрежи, тогаш обратете внимание. Станува збор за замор и нерасположеност, без никаква причина. Тешкиот хроничен замор е еден од симптомите за леукемија.