Убодите од комарец не само што чешаат и се досадни, туку може да претставуваат и значајна закана по здравјето. Комарците се сметаат за најсмртоносните инсекти во светот, бидејќи се преносители на екстремно опасни болести, како што се маларија, жолта чума, вирус чикунгунија, западнонилска треска, денга, филаријаза и зика вирус. Луѓето и животните ги привлекуваат комарците со мирисот на јаглероден диоксид и други примамливи мириси коишто ги испуштаме. За среќа, постојат природни ароми коишто ги бркаат комарците, а не содржат никакви хемикалии.
Во продолжените, прочитајте ги 8-те најпознати градински растенија, коишто можете да ги употребите за бркање на досадните комарци.
- Лаванда
Пријатниот мирис на лавандата е одбивен за комарците. Освен тоа, лаванадата има антигабични и антисептички својства. Можете да ја посадите во вашиот двор или во саксии сместени покрај врати или прозорци. За уште повеќе да се заштитите од комарците, можете да го протриете цветот на вашата кожа, за да испушти од своите масла.
- Невен
Невенот е цвеќе коешто лесно се одгледува, а содржи тиофен, состојка којашто ги одбива инсектите. Невенот е ефикасен во одбивањето на комарците, трипсите, белокрилките, мексичката бубамара и други инсекти.
- Здравец
Здравецот е многу атрактивно декоративно растение, коешто исто така ги одбива комарците и неколку видови паразити. И покрај тоа што овие брзорастечки растенија сакаат топла, сончева и сува клима, тие можат да се одгледуваат и во постудени места и во саксии, а потребно е почесто да се поткаструваат.
- Рузмарин
Ова растение најчесто се користи како додатен зачин во јадења, но неговата дрвенеста арома е ефикасна и во одбивањето на комарците, молците коишто напаѓаат зелка и мувите што напаѓаат моркови. Рузмаринот е одлична заштита и за кога сакате да уживате покрај оган во природа, без да ве напаѓаат комарци. Сè што треба да направите е да ставите неколку ливчиња рузмарин во огнот, а мирисот којшто го испушта ќе ги избрка комарците.
- Мента
Ова е уште една билка којашто има повеќе примени и надвор од кујната. Истражувањата имаат откриено дека маслото од пеперминт може да ги спречат маларијата, филаријазата и жолтата треска, во времетраење од 60-180 минути.
- Метвица
Метвица е друго популарно природно растение од фамилијата на ментата, којашто ги брка комарците. Ако само ставите скршени стебленца од ова растение во вашите џебови, можете со сигурност да сметате дека комарците ќе бидат подалеку од вас. Ако живеете во куќа, добра идеја е да посадите метвица во дворот околу неа, за да ги обесхрабрите комарците од влегување во вашиот дом.
- Босилек
Босилекот не е само вкусен зачин, којшто можете да го додадете во вашата паста, туку е одличен и за бркање комарци. Како резултат на интензивниот мирис којшто се емитува од неговите ливчиња, комарците одбиваат да бидат во близина на ова растение. Поточно, едно истражување дури тврди дека босилекот може да биде и потенцијално отровен за комарците.
- Мачкина трева
Не само што вашата домашна мачка ќе ви биде благодарна доколку посадите мачкина трева во вашиот двор, туку и вие ќе можете да уживате во вашата прошетка низ градината, без да добиете непријатни убоди од комарци по вашето тело. Истражувањата покажале дека мачкината трева е всушност 10 пати поефикасна од активната состојка Н,Н-диетил-мета-толуамид (DEET) којашто ја содржат спрејовите против комарци.