Како да се натерате да пиете вода? Јапонците имаат утрински ритуал кој се покажал и повеќе од корисен.
Веднаш штом ќе се разбудат тие пијат половина литар вода на празен стомак. Поради оваа навика имаат беспрекорна, порцеланска кожа и витка, затегната фигура.
Телото се ослободува од токсините, се подобрува изгледот на тенот, кожата, а метаболизмот се подобрува. Косата станува посјајна и побујна, килограмите се „слизнуваат“, а истовремено се зајакнува и имунитетот.
Што точно се случува со телото откако ќе почнете да пиете по половина литар вода веднаш по будењето на празен желудник?
- Ќе се чувствувате поенергично, посвежо, поздраво
- Ќе се ви забрза метаболизмот
- Кожата ќе стане поубава, и на надворешен изглед и на допир
- Косата ќе ви се мрси помалку
- Ќе почнете полека, но сигурно да го губите вишокот килограми
- Многу поретко ќе се разболувате
- Минималната количина на вода која телото само ќе ви бара да ја внесете е минимум 2 l дневно.
Како да почнете полесно да ја практикувате оваа навика?
1. Непосредно по будењето, започнете со пиењето половина литар вода на собна температура. Според научните истражувања, млаката вода е покорисна и поздрава, за разлика од преагресивната ладна вода.
2. Задолжително појадувајте, но дури 30-45 минути откако сте ја испиле утринската доза вода.
3. Доколку не сте подготвени за толкава количина на вода наутро, започнете со помала количина и постепено зголемувајте ја.