На официјалната страница на Здружението за Лов – Елен од Кичево се пренесе информацијата дека по отстрел на диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување „Афричка свинска чума“. Во продолжение ја пренесуваме нивната објава во целост:
– Почитувани членови на ЗЛСРР “Елен” – Кичево, Ве информираме дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума.
Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов.
Задолжително пријавете доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.