Во последните 24 часа се регистрирани 193 нови случаи на ковид-19. Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.
Вкупниот број на дијагностицирани во Македонија од Ковид-19 изнесува 4482 лица, а вкупниот број на активни случаи е 2469. Најголем број на активни случаи има во Скопје-1425, Тетово-278, Куманово-206, Штип-202, Охрид-65, Струга-63 и Гостивар-47.
Само во Скопје, прераспределбата на активни случаи по општини, заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), изгледа вака:
* Чаир – 306
* Аеродром – 119
* Бутел – 106
* Гази Баба – 114
* Центар – 114
* Карпош – 100
* Сарај – 95
* Кисела Вода – 71
* Ѓорче Петров – 57
* Студеничани – 62
* Шуто Оризари – 46
* Арачиново – 33
* Илинден – 28
* Петровец – 12
* Чучер Сандево – 7
* Сопиште – 11
* Зелениково-1
* Странец – 2
* Нераспределен-1