Точно 37 полициски кадети ја завршиле обуката, но останале без работа. Во знак на револт, тие заедно со нивни колеги протестираа пред МВР, за како што велат, министерот за внатрешни им ветил дека ќе бидат обезбедени пари за сите 609 полициски службеници кои успешно ја завршиле обуката, но не останал на зборот.
Тие велат дека побарале средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но не успеале да стапат во контакт со него.
- Бараме одговор дали сме одбиени бидејќи другите колеги беа повикани, само ние останавме, велат тие.
Триесет и пет кадети денеска протестираа во МВР бидејќи тврдат дека се манипулирани бидејќи сè уште не биле повикани да потпишат договор за работа.
Станува збор за кадетите што годинава успешно ја завршиле полициската обука, но не им биле понудени договори за работа. Се обратиле и до двата полициски синдиката по што одлучиле проблемот да го изнесат во јавноста.
Тој нагласи дека на останатата група, што не била повикана да потпише договор, се уште не и е јасно зошто не се повикани да го сторат тоа и покрај тоа што тие успешно ја завршиле обуката, а при тоа не биле ниту последни на ранг листата, ниту пак имале недостиг на бодови.
Тој истакна дека нема да дозволат некој самоволно, без никакво објаснување да „ги остави на улица“.
- Очигледно во МВР станува пракса да се спроведува самоволие врз сите класи на полицајци, да не се почитуваат законите и да се уништува желбата за работа на младите полицајци, рече Петковски.