Одвојте малку време за оваа вежба и направете нешто во корист на вашето здравје.

Проблеми со варењето, главоболки, несоница, отечени зглобови се само дел од симптомите кои повеќето од нас речиси секојдневно ги чувствуваат, а една од најчестите причини за тоа е физичката неактивност.

Ако поголемиот ден го поминувате во седечка положба, оваа едноставна вежба ќе ви помогне да ги ублажите тегобите од кои пати 80 отсто од светското население.

Сè што ви е потребно е простирка, перница и удобна облека.


Легнете на под и подигнете ги нозете на ѕид под агол од 90 степени. Поставете перница под задникот. Рацете поставете ги до телото, а нозете нека ви бидат малку одвоени. Останете во таа положба 5 минути.

Кои се предностите на оваа вежба:

– ја враќа крвта во срцето

– ослободува од стрес

– помага кај несоница

– ги смирува нервите

– ги намалува отоците на зглобовите

– ја олеснува болката кај лица со отечени вени

– ја ублажува главоболката

– го подобрува варењето

Се препорачува оваа вежба да се практикува секојдневно.