Оризот е неверојатен извор на линолна киселина и сквален, кој е моќен антиоксиданс и го стимулира производството на колаген. Ова го забавува создавањето на брчките на кожата и ја штити од негативното влијание на сонцето.
Оризот исто така е полн со витамин Е и гама-орсинол, познат по својата способност да го штити срцето и да го намалува холестеролот во крвта.
Освен Јапонците, ретко кој е запознаен со придобивките од оризот. Овој производ е способен да прави чуда кога станува збор за подмладувањето.
Па затоа, ви предлагаме да направите едноставна маска за лице која ќе ги измазни брчките и ќе ви ја подобри структурата на кожата.
Потребни состојки:
  • 3 лажици ориз
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица мед
Приготвување:
Сварете го оризот, па исцедете го, а водата сочувајте ја. Потоа, во оризот додајте лажица млако млеко и лажица мед.
Маската нанесете ја на чисто и суво лице. Оставете ја маската на лицето додека потполно не се исуши. Потоа, измијте го лицето со водата што сте ја исцедиле од оризот.
Оризовата вода има силни антиоксидантни својства. Ја навлажнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Оваа вода ги отстранува и старечките пеги од кожата и ги ублажува воспалителните процеси. Оризовата вода ја штити кожата од нови брчки, бидејќи ја хидрира.
Се препорачува најмалку еднаш неделно да ја нанесувате оваа маска на лицето. По неколку месеци применување на оваа маска, ќе изгледате 10 години помлади.