По вчерашните објавени текстови за поскапените лекови, редакцијата на ЗДРАВСТВО.МК не можеше да остане рамнодушна. Екипа на редакцијата се упати во текот на денешниот ден да ја пренесе сликата за тоа колку се информирани граѓаните за направените поскапувања на лековите, бидејќи тоа во ниеден момент не е и не било транспарентно во овие два дена, а освен тоа најтрагично за граѓаните е податокот дека никој не излезе од официјалните институции да го искоментира поскапувањето или да даде некакво официјално соопштение зошто истото се случило.
Ние појдовме да ги побараме одговорите на овие прашања. Нашата екипа, направи анкета како што може да ја видите погоре, и да ги слушнете коментарите на граѓаните, нивната загриженост и што ќе се прави сега кога во нашата република Македонија сеуште постојат поединци или цели семејства кои едвај преживуваат, се на работ на егзистенцијата, па дури и тие што се малку подобро ситуирани кога станува збор за купување лекови во аптеките неможат да си дозволат лекот да го платат скапо, поскапо, најскапо.
Тука се поставува и наметнува прашањето на човечност и гледање на граѓаните на Р. Македонија како луѓе, како човечки битија, не како бројка, како денари, како профит и тоа преку за нив најболното и најтешкото, лекот. Единствената помош за оние со хронични терапии, за простата, за дијабет, за астма, за крвен притисок…за многу болести и маки на денешницата.
Како на овие луѓе да им се одземе чувството на сигурност дека државата се грижи за нив, дека не се оставени сами на себе…тоа тука повеќе не важи! Од попладнето во текот на вчерашниот ден лековите или поголемиот дел од нив поскапеа некои дури и по 200%, така да еден обичен лек за простата од 51 денар кој до вчера можеше за толку да се купи во било која аптека низ републиката, сега може да се набави за 186 денари, според кажувањата на една од анкетираните госпоѓи во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство, ФЗОМ се институциите каде екипата на ЗДРАВСТВО.МК ги побара одговорите на погоре поставените прашања, дали некој се сеќава повеќе и се грижи за нашите сограѓани, комшии, пријатели, роднини, што сега со нив кога нема да можат да си ги платат лековите, кога нема да може да ја примат терапијата која со години ги одржува во живот, што тие да прават сега. Да се молат на господ, да чекаат да се смилува некој, да чекаат да поевтинат лековите или едноставно да се предадат и да чекаат да дојде суднот ден….или
….постои и друга алтернатива, ГРАЃАНИТЕ да си ги платат лековите поскапо, да се задолжат за парите и средствата што ги немаат, да го живеат животот на ВЕРЕСИЈА! Бидејќи владата така одлучила, министерството така решило, а за овие институции од државен карактер ние обичните луѓе сме само бројки, само профит, само собрани денари.
Ние во редакцијата на ЗДРАВСТВО.МК се грижиме за сето ова и многу повеќе!!! Кога се обративме до институциите да ја слушнеме нивната страна и нивните одговори, како тие не гледаат, како тие ги доживуваат граѓаните на РМ и со која причина или со кое право преку ноќ (како и се друго до сега) ГИ ПОСКАПЕА ЛЕКОВИТЕ! Во институциите налетавме на доста затворени врати, министерот за здравство беше излезен, во ФЗОМ немаа коментар, односно и во двете институции се огласија и ни соопштија културно дека бидејќи вон нивниот протокол ние сме побарале објаснение, бидејќи вон нивните правила за изјава, ние сме побарале да ни се објасни во името на граѓаните кои се засегнати од ова енормно поскапување на лековите, бидејќи сме побарале некој да ни објасни што се случува со здравството и лековите во државата АМА ТОА НЕ БИЛО ПО ПРОТОКОЛ, бевме одбиени, нашето барање за изјава и да ја слушнеме и нивната страна НЕ ГО ДОБИВМЕ.
Многу изненадно било нашето барање, требало да се најави, тоа значи дека ако на граѓаните им се случи нешто или се донесе некоја несоодветна или неподобна одлука за нив и некој одеднаш реши тоа да го испита, прегледа, истражи и да дојде до некаква изјава, официјален став на некоја институција или причина зошто тоа е направено…ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ АКО Е ОДЕДНАШ И НЕНАЈАВЕНО!
Токму поради тоа имаме само тоа што гласно го мисли народот, што е загрижен и како размислува, што го мачи, тоа го има во нашата анкета!
Ние како реакција на ЗДРАВСТВО.МК, ветуваме дека секојпат кога ќе има нешто поврзано со здравствениот систем во Р. Македонија и ќе се однесува на граѓаните, без разлика на возраста, ние ќе бидеме на терен да ја дознаеме вистината и да ви ја пренесеме. Затоа сме тука, за да им служиме на граѓаните и на оние кои не можат за себе да се изборат за да ја дознаат вистината што ги мачи.