Брутално претепепаното 14 месечно бебе кое пред 10 дена со тешки повреди заврши на КАРИЛ, може целосно да остане без вид. Лекари од скопските клиники прогнозираат дека крварењата во мозокот направиле сериозни проблеми на очите и имало оштетувања на очните нерви што го констатирале офталмолози. Крварењата во мозокот најмногу ги загрижуваат специјалистите од Детска хирургија каде веќе 4 дена е хоспитализирано малото девојче. Ќе му прават и магнетна резонанца на главата која треба да покаже какви се оштетувања има и дали ќе има и невролошки последици по здравјето на детето.
Тоа било со бројни модрици по телото, стари фрактури по нозете како и постари повреди на главата. Беше примено на Ургентен на 07.07 во многу тешка состојба.