Протеините се важен дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржување на силата на мускулите, зараснувањето на раните, создавањето нови клетки и обновување на старите. Ако човекот не внесува доволно протеини, можат да се појават одредени симптоми.
Најјасниот знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Покрај него, може да се појави и зголемен ризик од фрактури на коските. Со оглед на тоа дека фоликулите на косата, кожата и ноктите се состојат од протеински нити, недоволната консумација на протеини може да доведе до слаба и кршлива коса, нокти и кожни проблеми.
Во екстремни случаи, отечената и надуена кожа е уште еден симптом на недостаток на протеини, а петтиот симптом е застој во растот кај децата.
Недостатокот на протеини е релативно редок во западните земји. Повеќето здрави возрасни лица треба да внесуваат 0,8 грама протеини по 1 килограм телесна тежина. Така на пример, возрасна личност од 60 килограми треба да внесува помеѓу 48 и 60 грама протеини дневно.
Најдобри извори на протеини се месото (пилешко, говедско, мисиркино), како и млечните производи. Протеините се содржат и во гравот, целите житарки, јаткастите плодови и семките.