Насилството врз децата и разните форми на насилство кои што ни се случуваат, се последица од опкружувањето и амосферата во која што живееме велат од детската амбасада Меѓаши, кои апелираат да се отвораат јавни дискусии во кои ќе се отворат дебати за корените и последиците од насилството врз децата. Апелираат интитуциите, заедно со граѓанскиот сектор да се фокусираат на проблемот, но и да се подигне свесноста на граѓаните дека траумите кои децата ги доживеалае за време на дествотот се рефлектираат врз нивниот понатамошен психо-социјален развој.
„Начинот на којшто комуницираат возрасните, начинот на кој политичките партии делуваат во јавниот простор и останато има и тоа како големо влијание. Она што е најзабележително се најотворените форми на физички насилства, но треба да знаеме и дека сето тоа има последици врз децата и младите“, велат од Меѓаши
Да се превенира насилството врз децата не е наивно ниту утопија, ако сакаме на извесен начин да го превенираме насилството треба во сите сфери, различни одговорности да понесат сите чинители во општеството, соватуваат од детската амбасада
„Без разлика што се случува во општеството сите оние кои имаат контакт и работат со деца, вклучувајќи ги и родителите, да посветат повеќе внимание за тоа што се случува директно или индиректно на децата“, велат од Меѓаши
Последните два случаи во кои за речиси еден месец, беа претепани две малолетни деца кои завршија на Клиниката за детски болести со тешки последици, ја вознемирија јавноста, но и алармираа дека треба да се преземаат поголеми мерки за да се спречи насилството врз децата за кое што нема детални податоци, затоа што покрај физичкото насилство има и многу други форми на насилство кое што не може лесно да се препознае и следи.