Елена Главинческа е медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга. Таа десет дена се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место.
Вели дека е тоа нејзина работа, да му пружи соодветна нега и помош на сeкој пациент, но воопшто не е среќна што се заразила од деца кои биле невакцинирани.
Елена се извинува , ни вели дека на фотографијата воопшто не е за во јавност, но сака да укаже дека родителите прават голема грешка што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а со тоа ги доведуваат во опасност и сите други во нивната околина.
,,Не плашете се , ова сум јас со МОРБИЛИ. И не би требало да пишувам јас постови и да објавувам слики, но морам да им се ,,заблагодарам“ на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца, поради што јас на мои 47 години во 21 век добив морбили! Да, јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајќи ја мојата работа. ДА, ние треба да сме хумани и за тоа сме платени.
Не сакам никого да навредам и однапред се извинувам, но дали некој има доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна голгота со болеста? Некој, од оние 25 проценти кои недостигаат во статистиките за вакцинирање , кои се неопходни за постигнување на колективен имунитет.
Инаку да. Ве сметам за лично одговорни за мене, за моите колеги, за сите болни кои се заразиле, не поради своја вина.
Ова се ставовите и мислењето на уште една филипчева сестра која доаѓа во одбрана на министерот за здравство. Вака изгледа кога некој плука по народот, вака изгледа кога некој практицира голгота, изживување, анархија со сопствениот народ, не му дава право на избор на сопствениот народ како и можност да се вакцинира постепено туку ги обврзува, ги присилува и ги приморува сите родители да мораат обавезно, задолжително и морално тоа да го направат сега и само сега нема кога понатаму. Зошто ако не за профит? Која е причината да одговори министерот, бидејќи колективната имунизација сигурно не е? – Дали тоа е правилниот начин прашуваат родителите, јавноста, граѓаните по социјалните мрежи.
Тука се наметнува прашањето, Сестро Главинческа, вие сте 47-ум години, како тоа сте фатиле морбили од невакцинирани деца, нели вие сте вакцинирани, имунизацијата кај вас е направена, вие сте си ја завршиле вашата обврска. Вие не се сомневате ако сте вакцинирани во квалитетот на вакцините, вие не се сомневате во вакцините кои се носат со која важност се, вие не сте загрижени какви вакцини се ставаат во децата кои се вакцинираат, вие ништо од ова не сте се запрашале или да се замислите, меѓутоа криви ви се родителите и децата кои не се вакцинирани.
Ако сте вие имунизирани не треба да ги фатите морбилите, а ако не сте, како тоа вие не сте се вакцинирале кога требало, не сте примиле вакцина, сте го направиле вие или вашите родители истото што сега го прават родителите, ама во оваа ситуација не сте вие виновни или вашите родители или ако сте вакцинирани во тој случај не се виновни квалитетот на вакцините и важноста, туку виновни ви се децата и родителите кои не се вакцинирани. Тоа е сулудо, без резон и нема логика!!!
Сестро Главинческа, најдете подобар начин да го одбраните министерот или да застанете на негова страна, ословувајќи го народот како „стока“ по примерот на Пендаровски или во вашиот случај ругајќи ги родителите не може да го свртите вниманието од фактот дека министерот ја држи епидемијата со морбили само за личен профит.
Тоа се гледа и од авион, со само неколку стотина заразени во тек на цела сезона 2018/19 ние сеуште сме под опсада на епидемија од морбили, а фактот дека во истата сезона се заразија преку 19.000 илјади граѓани со свински грип тоа никому не му пречи, најмалку на вас и на министерот за да се коментира по тоа прашање и да се прогласи тука епидемија. Зошто? Вакцините за свински грип и сезонски грип се од 300,400 до 600 денари, вакцините за морбили се набавуваат на тендер и една чини повеќе од 100 -тина долари. Сестро Главинческа направете ја математиката и видете зошто министерот ја држи епидемијата сеуште како активна. Само што се распиша и нов тендер за вакцини за имунизација вреден 1,5 милиони евра. Народот, пациентите, родителите и сите останати во оваа држава не спијат, се грижат за своето здравје, за здравјето на своите деца за разлика од министерот кој се грижи само за тендерските провизии и голготата врз сопствениот народ – коментираат родителите, подобро упатените и дел од граѓаните со кои разговаравме