Ако понекогаш имате чувство дека од непозната причина станувате заборавени, збунети и изгубени, можете слободно да здивнете. Не стареете премногу рано, ниту сте стари или преморени. Сега конечно има докази дека како и секогаш, мајката природа е виновна за сè.
Студијата спроведена на универзитетот Конкордија откри дека жените честопати имаат проблеми со меморијата и концентрацијата во одредени фази на менструалниот циклус. Истражувањата покажаа дека високиот степен на естроген, кој е највисок во моментот на овулацијата, се меша во нашата концентрација и ни го одвлекува вниманието од она со што се занимаваме во одреден момент.
Иако научниците не успеаја да ја пронајдат причината зошто е тоа така, факт е дека благодарение на ова истражување, сега официјално имате изговор кога некој ќе ве обвини дека сте несовесни, заборавени, збркани или едноставно глупави.