Рош соопшти дека нивната компанија развила три видови на тестови за откривање на вирусот мајмунски сипаници, затоа што болеста почнала веќе да се шири во регионите надвор од Африка.
Според Светската здравствена организација (СЗО) има повеќе од 200 сомнителни или потврдени случаи на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка.
Швајцарската компанија објави дека еден од трите сета на „LightMik Modular Virus“ детектира ортопоксвируси, биолошка група која вклучува вируси поврзани со мајмунски сипаници, како и сипаници и кравји сипаници.
Вториот тест открива само вируси на мајмун сипаници, особено западноафрикански и централноафрикански соеви. Третиот е за истражувачите и ги детектира и ортопоксвирусите и вирусот на мајмунска сипаница.