Скоро секој трет кумановец е позитивен на коронавирусот

Скоро секој трет тестиран од страна на Центарот за јавно здравје Куманово бил позитивен на коронавирусот во текот на изминатата недела, информираат денеска надлежните. Во текот на изминатата недела биле…

Скоро секој трет тестиран од страна на Центарот за јавно здравје Куманово бил позитивен на коронавирусот во текот на изминатата недела, информираат денеска надлежните. Во текот на изминатата недела биле извршени вкупно 887 прегледи, од кои како позитивни излегле 386 пациенти. Како што информираше директорот на Центарот за јавно здравје Ариф Љатифи, во последните два дена 40 отсто од тестираните се позитивни.

-По „Мој термин“ имаме околу 40 пациенти дневно, епидемиолошки тестираме, болни пациенти, тестираме и пациенти кои лежат во болница и приватни кои самоиницијативно се проверуваат дали се позитивни, изјави Љатифи.

Нема направено секвенционирање за да се утврди дали станува збор за омикрон сојот, но според симптоматологијата најверојатно доминира.


Related Articles