Вакциналните картони како доказ за редовна имунизација да бидат задолжителни при уписот во училиште – Министерството за здравство деновиве ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште, со оглед на фактот што од година во година се повеќе паѓа процентот на имунизирани.

Не сака министерот да засука ракави и да се фати за работа, па да започне кампања, во која ќе вложи и средства и матријали и време за да може да го постигне ефектот на поголема имунизација на населението туку ќе се користи со методи на казни и условувања, за да ја сокрие неговата неспособност како министер и неговата алчност за пари кои доаѓаат како награда во вид на провизија за голема количина на купени и/или потрошени вакцини.

Родителите по социјалните мрежи порачуваат – Ако Филипче си неспособен за работа, за министер барај си го на друго место под сонцето твоето чаре или ако не си способен да работиш отстапи има кој знае, кој може, ќе се најде некој поспособен од тебе. Секој човек има право да одлучува со своето тело што ќе прави, со животите на своите дечиња, ако ти сакаш тоа право да го скратиш, те очекува војна со родителите во Македонија. Ова ли се проклетите европски вредности кон кои тежнеете како министер г-не Филипче, да луѓето, граѓаните, населението немаат право на избор што и како ќе прават со своето тело и да имаат можност да одлучуваат за животите на своите деца, ова се ТИЕ, европски вредности кои ги промовирате и пропагирате со кои сте горди?

Колку само за информација секој од нас обичните граѓани е доволно писмен да може да седне на комјутер и да разгледа како функционира соседството или дел од европските земји во однос на имунизацијата. Немојте да продавате демагогија, европа дава право на избор, во европа има 15-ет земји кои имаат незадолжителна имунизација, една Германија не им наложува на своите граѓани дека мораат да се вакцинираат, а кога веќе се стремите кон тие европски земји и нивните начела разгледајте малку, информирајте се, па потоа вршете терор врз вашите сограѓани и обичните смртници. Но, г-не министер имајте на ум, министер за здравство е позиција со 2-4 години мандат не е ВЕЧНА! – порачаа родителите

Неможе со 20 случаи во цела држава Филипче да прогласува состојба на епидемија, неможе да министерот прави филмови дека ја вакцинира сопствената внука, а иглата да е со капаче, сестрата без ракавици, вакцината да се прима во рака, додека сестрата ја „вакцинира“ внуката на министерот Филипче во нога како и низа слични недостатоци. Се е јасно како ден и се гледа!

Неофицијално родители со доза на нервоза кон новите мерки на министерот ни се обратија – Кога беше поставен за министер Филипче, не беше поставен за здравствен бог, па да се воведуваат условувања од типот на тоа дека сите родители мора да ги вакцинираат своите деца во спротивно следуваат казни, санкции, протерувања. Родителите во Скопје, а веруваме и пошироко не би се согласиле со вашето вакво однесување и одлучување. Што правиме со тие де чиња кои се заразени од варичела во моментот и кои не можат и после прележувањето на ВАРИЧЕЛАТА во наредните три месеци да примат вакцина. Дали нивните родители и мајки треба да дадат отказ на работа или да земат неплатен одмор за да може да ги чуваат своите дечиња по дома бидејќи вие нема да им дозволите да одат во градинка или во училиште? Тоа се вашите проевропски методи? Каде се одговорите на ваквите прашања? Или не ги промисливте кога започнавте министре, па сега сите дечиња во еден кош ќе горат заедно со своите уценети родители?

Засега нема информација кога би се донеле и од кога би важеле овие измени, но во моментов е во тек континуирана комуникација со претставници на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството за образование разговарат како мерките да станат поригорозни, но Уставот е јасен – ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем, бидејќи основното образование е задолжително.

Во април минатата година тогашната министерката за образование и наука Рената Дескоска им порача на здравствените власти дека треба да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација.
-Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем. Потребни се мерки и кампањи од едукативен карактер за придобивките од вакцинацијата, советувања за родителите кои не ги вакцинираат своите деца, но и санкции, изјавија тогаш од Министерството за образование.
Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој, посочуваат повеќето педијатри. Со самото тоа што производителот навел сериозни несакани реакции во упатството за употреба на вакцината, државата не може да гарантира дека нема да му се случи сериозна несакана реакција.

Што правиме со сите оние дечиња кои имаат настинка или се недолечени во изминатиов период, кое е таков, период на настинки и грипови? Што треба нивните родители да направат по секоја цена да ги вакцинираат децата само за да биде задоволена правдата на министерот или да се откажат од било каква зароботка или работење да може да ги чуваат своите дечиња додека да подоздрават и бидат во можност да ја примат оваа вакцина? Кој е вашиот одговор на ова прашање г-не Филипче? – прашуваат загрижени родители на вашиот фејсбук профил и тоа останува без одговор.

Цело Министерство го имате и неможете да дадете конкретни одговори што да прават родителите со дечиња кои се наоѓаат во ваква или слична ситуација? А од друга страна сте во влада која наводно помага на граѓаните, ветувања за обезбедување на повисок стандард, 500 евра плата? Како мислите да се заработат тие 500 евра плата или да се има повисок стандард ако има условувања од типот на тоа што го правите? Децата кои не се вакцинирани нема да идат во школо и во градинка ќе седат дома со родителите и од што ќе живеат? Некојпат си ги поставувате овие прашања? Имате накаква човечност во себе? Или секојпат кога ќе си поставите некакво вакво прашање наспроти провизијата која треба да ја земете, секојпат претегнува на другата страна?

Ниту за лидерот на ЛДП и пратеник во Собранието Горан Милевски, не е во ред оваа одлука на минситерот Филипче, дискриминаторски е условот за упис во градинките и училиштата да биде вакцинацијата.
– Во 21 век да им се заканувате на родителите дека нивните деца ќе останат неписмени само дека не се вакцинирани е срамота и мислам дека министерот и министерството ако се сериозни во овие најави, треба да отстапат, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.


Здравствените власти се категорични дека вакцините се безбедни и досега не се забележани посериозни реакции ниту смртни случаи како последица од вакцинација. Остро на својот став стои и министерот за здравство Венко Филипче кој деновиве најави долгорочно решение за проблемот со падот на процентот на имунизирани. По прогласувањето епидемија на морбили во Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести, од министерството уште еднаш апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца.

Министерот Венко Филипче, вели дека родителите кои не сакаат да ги вакцинираат нивните деца имаат погрешно мислење, оформено врз основа на неточните информации.

Епа Г-не министре ДОБРЕДОЈДОВТЕ, тоа е ДЕМОКРАТИЈА, секој има право на свое мислење, дали е погрешно или не тоа е дискутабилно, ама е право и е негово. Истото е и со вакцините, правото на имунизација е лично право на секој граѓанин тој одговара и за здравјето на него, но и за здравјето на неговите деца. Никој не е против имунизацијата, но не на ваков начин со присилби, усилби и за профитерство. Дали мислењето на одреден поединец е врз база на точни или неточни информации, ВИЕ како министер за здравство ниту сте тој, ниту имате право да пробате да го смените ниту со разговор, а не со примена на сила како што правите во моментот.

Тоа што вие го правите сега под капата на ЕПИДЕМИЈА со 22 лица заболени во рок од 3 недели е само кршење на основните човекови права и ускратување на правото на избор како и демократското право на имање свое мислење и убедување за работите, нештата за одредена состојба, ситуација. – социјалните мрежи вријат од вакви и слични коментари, додека министерот молчи и не одговара. Епидемијата се продолжува по секоја цена!