Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на денешната собраниска седница истакна дека реконструкција на Владата на СДСМ не претставува нешто ново што ќе придонесе за подобрување на работата на оваа влада.
Стојаноска потенцира дека владата е далеку од транспарентна како што ветуваше.
Најтранспарентната влада досега испадна дека е транспарентна само кога ќе излезат на виделина владините скандали и корупција. Останатата транспарентност е далеку од она што го ветувавте од сето ова очигледно е дека оваа реконструкција е обид за купување на уште малку време и обид за глумење реформи и обид за по не знам кој пат прелажување на народот, вели Стојаноска.
Пратеничката Стојаноска посочи дека метлата најпрво требало да започне од министерството за здравство, па се до последното министерство и вицепремиерите на владата.
Наместо метлата да фати најпрво од министерството за здравство, па министерството за надворешни и внатрешни работи, па министерството за труд и социјална политика, па министерството за информатичко општество, па да се префрли на вицепремиерите, метлата ги фати само овие шестмина, додаде Стојаноска.