Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.003.229 лица. Од нив починале 207.094, а оздравеле 882.552 луѓе.

– Во Кина во последните 24 часа потврдени се три нови случаи на Ковид-19 , што е за 11 помалку во споредба со вчера, а не е пријавени ниту еден смртен случај. Во Кина досега евидентирани се вкупно 82.830 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои починаа 4.633 лица.

– Во Германија потврдени се 1.018 новозаразени лица со Ковид-19, со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на 155.193. Додека вкупниот број на починати е зголемен за 110 и изнесува 5.750 луѓе.

– Швајцарија најави ублажување на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19 во три фази, денеска се отвораат фризерските и козметичките салони, цвеќарите, приватните лекарски и физотерапевтски ординации. Во втората фаза што почнува на 11 мај ќе бидат отворени продавниците и училиштата, а од 8 јуни ќе бидат отворени музеите, зоолошките градини, библиотеките и универзитетите. Во земјата со Ковид-19 се заразиле 29,061, од кои 1,610 починале, а оздравеле 21,800 Jапонија забрани влез на патници од уште 14 земји, меѓу кои Русија, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

– Во Јапонија регистрирани се 13.441 инфицирани, од кои 372 починале, а оздравеле 1.809 лица.