Денес е светскиот ден на борба против дијабетесот. Тој се одбележува во светски рамки од страна на ИДФ (Интернационалната Дијабетска Федерација) и се фокусира на теми поврзани со дијабет тип 2, кој наголемо се третира и може да се лекува. Но, во исто време овој тип на дијабет се повеќе се шири како некомерцијална болест во светски рамки. Дијабетот од тип 1 не може да се спречи, но може да се контролира со инсулински инекции.
Темите кој што се опфаќаат вообичаено на овој ден се дијабетот и човечките права, дијабетот и животниот стил, дијабетот и дебелењето, дијабетот и нелагодностите, ранливоста која ја носи, како и дијабетот кај децатa и кај возрасните. Додека кампањите траат цела година, на светскиот ден на дијабетесот, 14-ти Ноември се одбележува денот на раѓање на Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест и Џон Џејмс Рикард Меклиод првично ја започнале идејата која понатаму довела до откривање на инсулинската инекција во 1922-та година.
За прв пат Светскиот ден на дијабетесот е одбележан во 1991-та година од страна на Светската здравствена организација, како одговор на брзото ширење на оваа болест во светски рамки. Кај нас министерството за здравство и клиниката за ендокринологија симболично го одбележаа светскиот ден на дијабетесот на кејот на реката Вардар, изминатиов викенд, поточно на 11.11.2018, со симболично мерење шеќер во крв на минувачи и организирано пешачење по кејот на Вардар.
Корисниците на исулинска терапија на социјалните мрежи коментираат дека низ цел свет кампањите за ваквите болести кои прогресираат на светско ниво се водат во текот на целата година, само кај нас министерството за здравство и министерот Филипче го одбележуваат скромно, симболично, а понекојпат и со немање инсулинска терапија за пациентите