Власта повторно ги излажа граѓаните. Нема да се гради ветената детска градинка во Тимјаник.
На собраниската Комисија за финансирање и буџет се продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот, одбиено беше барањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, за градба на градинка во Тимјаник.
Немање план и основен проект е неоснованото образложение поради кое неготински Тимјаник нема да ја добие ветената градинка, чија градба требаше да почне до крајот на годинава.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која во месец јуни годинава беше во посета во Тимјаник, пред граѓаните кои протестираа излезе ѝ порачаа дека сакаат градинка, а не дом за деца со попреченост, вети дека ќе стори сѐ за ова место да добие градинка.
Но и покрај ветувањата од власта, жителите на Тимјаник ќе останат без детска градинка.