Во Центарот за јавно здравје во Скопје снема вакцини против сезонски грип кои се со плаќање, а против грипот не може веќе да се заштитите ниту во неколкуте приватни ординации, бидејќи и таму се потрошени.
– Веќе неколку дена немаме вакцини против сезонски грип. Ги потрошивме сите 5.500 дози кои граѓаните приватно си ги плаќаа. Има уште од бесплатните вакцини, кои се наменети за пензионерите постари од 65 година и кои имаат ниски пензии – ни рече д-р Биљана Даниловска, раководителка на одделот за епидемиологија во Центарот.
Центрите за јавно здравје набавуваат помали количества вакцини, бидејќи во случај да останат непотрошени, тие треба да ги платат од буџетот на установата, па „превентивно“, веќе години наназад, вакцините брзо се трошат и нема за сите заинтересирани граѓани, особено во Скопје.
Така беше и сега во Скопје кога за неполни три недели се потрошија 5.500 дози, а една чинеше 650 денари.
Министерството за здравство годинава обезбеди 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип, кои се бесплатни за пензионерите.
За Скопје беа наменети 13.000 бесплатни вакцини, а за пензионерите од Битола, Прилеп, Охрид и Велес беа резервирани 8.000 дози. Со тоа што да се напомене дека за цело Скопје беа наменети првично 4000 дози, па подоцна се доземаа уште 5500 дози, што според добро упатените во вакцинацијата на населението, посочуваат дека ни од далеку овие бројки не се реални, се купуваат многу малку дози, за да има турканици, гужви и бркање врски за да може да се прими вакцина.
Очигледно министерот Филипче и одговорните во центарот за јавно здравје сакаат кога скопјани се „тепаат“ за вакцина и тоа според нив е подобро и вакцините да се потрошат отколку недај боже некоја да остане, во тој случај се било залудно. Скопјани едноставно неможе по мирен пат и релаксирано да одлучат и да примат вакцина, ако не се „буткаат“ и не го „фатат“ бранот, отиде возот!!! – освен упатените слични се коментарите и на социјалните мрежи.