Колумбискиот ветеринар, 38-годишниот Андрес Лопез Елорез, е обвинет за илегално шверцување на наркотици во САД, така што по хируршки пат вградувал пакети со течен хероин во стомаците на кученцата.
Уапсен бил во Шпанија и екстрадиран во САД, каде му се заканува доживотен затвор, вели државниот обвинител за источниот округ на Њујорк, Ричард Доног.
Колумбискиот ветеринар е осомничен дека бил дел од група која шверцувала дрога пред повеќе од 10 години, а се било откриено кога во Колумбија во една рација во 2005. година биле пронајдени 10 кучиња кои служеле како курири. Кучињата биле спасени, но многу од нив умреле во текот на операцијата.
На кучињата, во главно расни, меѓу кои најмногу имало лабрадори, по хируршки пат во стомакот им биле ставени пакети течен хероин, а потоа извезувани во САД, бидејќи се верувало дека нивното педигре го олеснува внесувањето на дрогата.
“Елорез беше издаден од својата професија, кога своите хируршки вештини ги користел во сурови шеми за шверцување на дрога во стомакот на кучињата”, рекол Доног.
Лопез Елорез изјавил дека не е виновен, а неговиот адвокат рекол дека неговиот клиент нема никаква поврзаност со САД.