Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во недела, претежно во западните делови, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање со пораст на температурата.