Истражувањето спроведено на Кинг колеџот во Лондон покажува дека изложеноста на сонце и количините на витаминот Д во организмот влијаат на астмата.
Според налозите од истражувачите, ниската концентрација на витаминот Д поради недоволна изложеност на сончевите здрави се поврзани со зголемување на лошите симптоми кај астмата.
Покрај тоа, утврдено е дека витаминот Д ја нормализира функцијата на делот кај имунолошкиот систем кој кај пациентите со астма е претерано активен.
Експериментите спроведени на 28 испитаници, покажаа дека притоа пресудна е функцијата на интерлеукинот 17, алка на имунолошкиот систем која инаку е пресудна за битката против инфекциите.
Во следната фаза на истражувањето експертите се обидоа да утврдат дали витаминот Д може да помогне на пациентите со астма на кои не им помагаат вообичаените лекови.