Нов Kлинички центар е потребен и ќе има, ама Венко Филипче и Зоран Заев тоа нема да го прават на грбот на граѓаните, нема да го пљачкаат народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста опозициската партија посочи дека тие се за нов клинички центар, но само со изготвен проект кој ќе биде основа за заем, а не како што сега Филипче сака на основа на стара физибилити студија од 35 страни да земе повеќе од 500 милиони евра заем. Филипче не смее да бара пари за фиктивен проект, а кои ќе ги враќаат граѓаните, велат од партијата и додаваат:
– На срамното однесување на Филипче и Заев нема крај. Филипче и Заев сакаа да земат пари и од набавката на вакцини. Повторно зделка на грбот на народот, зделка за која граѓаните плаќаат со своите животи. Тие со леснотија уплатиле аванс од 7,8 милиони евра на фиктивната фирма од Хонг Конг. За ова велат сакавме да набавиме вакцини?! Какви вакцини мислеле да набавуваат и тоа преку фиктивна фирма?!
Соред ВМРО-ДПМНЕ, јасна е нивната намера, а тоа е да земат провизија. -За ова ќе одговараат!