Во текот на изминатото деноноќие, според информациите на Министерството за здравство, беа регистрирани 37 нови случаи на заболени од Ковид-19 од вкупно извршени 3108 тестирања. Новите случаи се од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.
Оздравеа вкупно 90 пациенти, а 10 лица починаа: 3 лица од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.
Според спроведените епидемиолошки анализи најмногу активни случаи за изминатите 24 часа се регистрирани во Скопје – 441 и Куманово – 105, а Демир Капија, Дојран и Пехчево немаат ниту еден активен случај со Ковид-19.