Во Македонија 17 луѓе по трет пат се заразиле со вирусот Ковид-19

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, 17 луѓе во Македонија по третпат се заразиле со вирусот Ковид-19. Како што се вели во извештајот, заклучно со недела (30.01.2022) регистрирани се…

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, 17 луѓе во Македонија по третпат се заразиле со вирусот Ковид-19.

Како што се вели во извештајот, заклучно со недела (30.01.2022) регистрирани се вкупно 6.494 реинфекции од кои 17 се втори реинфекции.

– Според извештаите од болниците моментално е хоспитализирано 671 лице (22,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка (14,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (14,8% повеќе во споредба со претходна недела). Заклучно со 30 јануари, пријавени се вкупно 268.901 случај на COVID-19. Регистрирани се 8.409 смртни случаи, а активни во моментов се 13.628 лица, се вели во извештајот.


Related Articles