По десетина пациенти неделно со сериозни заболувања на очите кои можат да доведат до слепило бараат помош на Клиниката за очни болести. Офталмолозите се загрижени што се помлади лица страдаат од глауком, а повеќето граѓани многу доцна доаѓаат на Клиника кога веќе очниот притисок предизвикал оштетување на видот.
– Стресовите, технологиите се една од причините и млади лица и адолесценти да доаѓаат на клиника со зголемен очен притисок, изјави проф. д-р Весна Димовска Јорданова, Клиника за очни болести.
За да се зачува видот офталмолозите советуваат граѓаните да прават редовни прегледи.
– Потребни се редовни прегледи и мерења на очниот притисок, советуваше проф. д-р Димовска Јорданова.
Во Македонија нема точна бројка колку лица страдаат од глауком бидејќи нема национален регистар за ова заболување на очите. Но, светската статистика загрижува бидејќи се прогнозира дека до 2020 со очен притисок ќе живеат 80 милиони лица, а 6 милиони ќе бидат слепи.