Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022) направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (09.09 – 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89г. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.