Во Македонија има десетина заболени, но во соседните земји бројот на заразени лица со морбили е по неколку стотини, повеќето од нив се не вакцинирани лица.
Неинформираноста на младите родители, но и збунетоста кај голем број здравствени работници, се главните причини за сомнежот кај нив во квалитетот и можните последици од вакцините , вели д-р Катерина Ставриќ.
Но извесен број родители и натаму се сомничави. Не само во квалитетот, во потребата, туку се против и наметнувањето на вакцините како задолжителна обврска.
Здравствените власти уверуваат дека набавката на вакцините е строго контролиран процес, од производители од кои се снабдуваат и другите европски земји. И предупредуваат дека опаѓањето на вакцинирани деца на нешто над 80 насто претставува ризик за здравјето на целото население.
– Сето тоа е во ред да се вакцинираат децата никој тоа како процес не го спори, меѓутоа спорен е начинот на кој се обезбедуваат вакцините, како се донесуваат одлуки да се менуваат или додаваат вакцини, сето тоа е така многу лесно, министерски, додека пак од друга страна и граѓаните не се воопшто информирани за тоа што содржат вакцините, со каков состав се, од што штитат, како и сите потребни информации.
Можеби во минатото тоа поминувало така кај населението и сето тоа било така прифатено, сега во ова цивилизирано и технички понапредно општество информацијата е достапна на секој чекор, секој може да провери се во рок од половина до еден час, ние како граѓани и покрај тоа што се ни е на дофат треба без резерва и без објаснение да ги прифатиме одлуките на министерот за здравство, Венко Филипче или пак на некоја таму државна комисија дека мора да се вакцинираат децата нема што понатаму да се објаснува, а кој нема да слуша ке седи во ќош, односно ќе добие парична казна.
Тоа нема и неможе да помине така, му порачуваме на министерот, на министерството и на комисијата и телата за имунизација на населението, се додека нема кампањи, убаво подготвени и потковани со информации да одговорат на сите прашања на граѓаните ние ќе се спротиставуваме на желбата на само еден човек или помала група на луѓе во Македонија која сака или си зема за право без да објасни што и како има во вакцината, бидејќи ние нема потреба да знаеме да не жигоса или да одлучува за нас како нација. – посочи загрижен родител со кој разговаравме во градскиот парк.