Водечкиот шведски епидемиолог одбива да ги препорачува заштитните маски за лице

Водечкиот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел и понатаму одбива да ги препорачува заштитните маски и предупредува дека е многу опасно да се потпираме на нив. -Многу е опасно да веруваме дека…

Водечкиот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел и понатаму одбива да ги препорачува заштитните маски и предупредува дека е многу опасно да се потпираме на нив.

-Многу е опасно да веруваме дека маските за лице би ја промениле играта кога е во прашање Ковид-19, изјавил Тегнел за Фајненшл тајмс.

Тој објаснил дека маските би можеле да бидат дополнување на други работи ако тие се доволно сигурни.

-Но, доколку имате маска за лице и мислите дека така можете да го наполните автобусот или трговскиот центар – тогаш дефинитивно правите голема грешка, истакнал Тегнел, кој е главен автор на шведската стратегија против коронавирусот која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува Бизнис инсајдер.

Тој како пример ги спомнал Белгија и Шпанија, кои препорачуваат носење маски, а се уште имаат голем број на заразени со коронавирусот.

Во Шведска досега се заразени 86.068 луѓе, а како последица од вирусот починале 5.810 лица.


Related Articles