„Грижата за пациентите требаше да биде приоритет, нели? Козметичките салони верувам не ги откажале термините, но тоа е процена, давање на приоритет и конечно менаџмент. Жално, да го прашале Папата, ваква глупост сигурно не би дозволил“, пишува доктор Ленче Нелоска. Ваквата реакција на Нелоска е поради изјавата и ставот на министерството за здравство и министерот Венко Филипче.
Клиниките во Клиничкиот центар во Скопје добиле известување од Министерство за здравство за време на посетата на папата Фрањо на 7 мај да ги презакажат за друг ден сите прегледи и интервенции, за да се ослободи пристапот до Ургентниот центар бидејќи така налагаат меѓународните безбедносни протоколи за посети од ваков висок ранг, велат од Министерството.
„Според овие протоколи, пристапот до Ургентниот центар на скопските клиники треба да биде беспрекорен, затоа ги известивме сите клиники со допис да ги информираат пациентите дека термините за прегледи и интервенции се одложуваат за наредниот ден“, велат од Министерство за здравство.
„Известени се сите јавни здравствени установи дека тој ден возилата со возилата на Итна медицинска помош пациентите да ги носат во другите општи или клинички болнци. Во Скопје конкретно, доколку има потреба од хируршка интервенција да се носат во Клиниката за хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’, а оние што се за интернистички прегледи во Градската општа болница ‘8 Септември’ – посочуваат од министерството за здравство
По социјалните мрежи секојдневно се постираат коментари: Дали треба македонските пациенти или граѓани да стагнираат и тој ден да не бидат болни, да се стрпат, да немаат потреба од лекар, да не се прегледуваат, итноста да ја истрпат и цела потреба од лекар и лекарска помош да ја пренасочат за следниот ден. Дали министерот за здравство Венко Филипче воопшто се замислува кога носи вакви одлуки, дали некогаш се поставиле во неговото функционирање како министер македонските пациенти и нивните потреби бидат на прво место?До кога министерот Филипче слепо ќе ги слуша и реализира потребите, барањата и желбите на кланот Заеви иако тоа не е во најдобар интерес на граѓаните, болните, пациентите?
Зошто само се даваат соопштенија без образложенија и без при тоа министерот да го слушне гласот на народот, до кога вака и на овој начин македоснките пациенти ќе бидат граѓани од втор ред во сопствената држава?
Филипче да одговори, народот бара објаснувања и одговорности!!!