Инспекторите на ДСЗИ откриле заботехничка лабораторија во Кавадарци која работела нелегално. Станува збор за фирмата „Кам –Кам Филипови“ кои без потребната дозвола за работа вршеле здравствена дејност, изработувале протези, заби, вршеле протетички услуги и сето тоа се рекламирало на социјалните мрежи, односно на интернет.
По извршената контрола, сопственикот и правното лице се казнети со 14 000 евра, заради две дела кои ги споиле во едно-за работа без дозвола и тоа според член 63, став 3 и 4 и по член 277 од Законот за здравствена заштита заради заведување на пациенти со рекламирање во непостоечка фирма.
Вишинова вели дека таму не е водена никаква евиденција за пациенти, а немало ниту документи за потеклото и квалитетот на материјалот со кој се изработувале забните помагала.
Инспекторите велат дека имаат индиции дека лабораторијата работела така со години. Од ДСЗИ потврдија дека работеле според добиена претставка, а како доказен материјал имаат и реклами од социјалните мрежи каде многу познати лица од македонската естрада рекламираат заби направени во „Кам –Кам Филипови“, како и билборди во градот на кои ја рекламираат фирмата.
Каде е министерот Филипче да поведе евиденција за тоа што се случува во Стоматолошката комора на Македонија, како и на кој начин се издаваат лиценците, на кого и дали тоа подложи на одредени критериуми?
Каде е министерот за здравство да реагира и да ги осуди ваквите нелегални работи, начини на функционирање на лаборатории, стоматолшки ординации и слични здравствени даватели на услуги? А од друга страна се поставува прашањето ако не се рекламирала лабораторијата на социјалните мрежи дали ќе била откриена?
Како и колку има други вакви лаборатории, доктори кои функционираат а никој не ги знае? Кога министерот ќе поведе малку сметка околу овие појави и да завземе став, изнајде решение, испрати инспекциски служби и да ги провери, пронајде сите што нелегално работат? – Ова се дел од коментарите од граѓаните на Кавадарци, како и по социјалните мрежи