Го запреа градењето на зградата на Клинички центар. Зборуваа дека ќе градат катна гаража!!! Наместо градба на катна гаража на Клинички, го отворија за паркирање делот кој е во кал!

Министерот Филипче, само пред неколку дена изјави и збореше по медиумите дека сообраќајниот хаос на клиничкиот центар е во фаза на средување, дека министерството прави напори да се растерети метежот во клиничкиот центар. Според распишаниот тендер за проект за катната гража, која требаше да се изгради на просторот веднаш до Клиниката за Гинекологија министерот даде согласност ама не прецизираше кога ќе се започне со градење на истата. Се чекаше проектот и да се започне со градба, единствена желба на минстерот Филипче беше да гаражата не биде од цврста градба, да може лесно да се демонтира и дислоцира.

 

Минатата недела Директорката на клиниката за Гинекологија, Викторија Јовановска, упати протестно писмо до министерот Филипче и одлуката за изградба на катната гаража. Во писмото се посочува дека неможе и не се согласуваат тие да катната гаража се изгради веднаш до клиниката, дека мора да има одвоеност помеѓу двата објекти и дека тој простор е потребен за закрепнување на пациентите.

Министерот Филипче одговори на барањето во писмото и посочи дека тоа ќе биде така, дека ќе има простор помеѓу клиниката и катната гаража и дека останатиот простор кој нема да се искористи за катна гаража а ќе се наоѓа помеѓу овие два обејкти ќе биде уреден како парк со што ќе помогне на пациентките полесно да закрепнат.

Но, како што можеа да видат денес сите посетители на клиничкиот центар во Скопје, наместо проект, наместо градба на катна гаража, наместо среден сообраќаен хаос, во Скопје министерот Филипче ја донесе Калкута!!! Граѓаните вознемирени реагираат по социјалните мрежи, пациентите и докторите кои се движат низ клиничкиот центар се движат по калливи улици. Каде е министерот да излезе и да образложи од каде оваа одлука, кој ја донел, кој е одговорен за ваквата постапка?

Кој ја донесе одлуката да се кренат таблите на заградениот дел веднаш до Клиниката за Гинекологија и тука во калта и хаосот да се дозволи паркирање на возила? Кој ги прави работите спротивно од потребите на пациентите и наместо да воведува ред, создава хаос во здравството, по клиниките, насекаде низ републиката? и најбитното прашање: Со која цел и зошто?