Зибери се дистанцираше од Заев: Во ниту еден момент Комисијата не излезе со став дека треба или не треба да има избори

Вечерва, директорот на ИЈЗ, Арбен Зибери посочи дека Комисијата за заразни болести ниту еднаш нема посочено дека е време или не е време за избори. Очигледно е дека Заев сам…

Вечерва, директорот на ИЈЗ, Арбен Зибери посочи дека Комисијата за заразни болести ниту еднаш нема посочено дека е време или не е време за избори. Очигледно е дека Заев сам останува со одлуката за избори, Зибери се дистанцираше вечерва од него.

„Сакам да објаснам на јавноста и на сите дека во ниту еден момент Комисијата не излезе со став дека треба или не треба да има избори. Впрочем ние немаме таква надлежност. Ние не треба да кажуваме дали е време сега за избори или не е време за избори“, нагласи Зибери.

Зибери додаде дека од Комисијата за заразни болести беше побарано од страна на лидерите да се направи протокол. Но од Комисијата не кажуваат таму дали треба или не треба да има избори. Од Комисијата имаат само посочено дека во случај да има избори, како би се изведеле.

„Ние не сме надлежни да кажеме дали може да има избори. Ние кажавме само како би изгледале тие избори ако ги има во овие услови. Никогаш не сме влегле во таква дискусија во Комисијата. Тоа што беше побарано од Комисијата лидерите го добија“, истакна Зибери.


Related Articles