Наставничка во росоманското село Сирково е позитивна на Ковид-19. Поради неа, шест колеги заминаа во изолација заедно со 15 ученици, но и две други лица од персоналот во училиштето. Оваа информација ја потврдува специјалист епидемиологот од кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Во изминатите 24 часа потврдени се 31 нов случај на коронавирус во Кавадарци и 8 во Неготино. Најстариот заболен е на возраст од 79 години, а две лица се хоспитализирани.
Со ова бројот на активни случаи на Ковид-19 во Кавадарци се искачи на 211, а 83 се во Неготино. На инфективните одделенија во тој дел на Македонија хоспитализирани се 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.