На поранешните сопственици на фирмата Дијамед им се блокирани сметки во Монако каде биле префрлени парите од продажбата односно вкупно 11 милиони евра. Филипче посочи дека кривичната постапка која се поведува против овој центар за дијализа нема да влијае на ниеден начин на услугите кои овој центар ги нуди на своите пациенти.
Дијамед пред 4 години го доби тендерот за услуги за дијализа на македонските пациенти, фирмата во неколку наврати беше поврзувана со Орце Камчев сосптвеникот на Систина и Орка Холдинг, како и со Ристо Новачевски, кој е во кумска врска со Никола Груевски.
Иако се случи фирмата да биде продадена новите сосптвеници продолжија со услугите кон своите пациенти. Парите од продажбата се пренесени во Монако, а според министерот Филипче, таа кривична истрага нема да влијае врз услугите за бубрежно болните.