По вчерашната објава по социјалните медиуми за Стојан Павлески кој лежи на Клиниката за трауматологија, не престанаа реакциите на револтираните граѓани како е можно човек кој е самохран татко на едно малолетно дете, да е оставен сам на себе да се грижи.
Павлески пред неколку месеци бил нападнат и претепан речиси до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за третман. Молат да се префрли на Клиниката на неврологија и соодветно да се третира. Буквално сите што го знаат човекот, молат за било каква помош.
Директорите на Трауматологија и Неврологија ниту се грижат, а очигледно ниту сакаат човекот да биде згрижен во соодветна институција. Директор на Трауматологија е Илир Хасани, а директор на Невроголија е Иван Барбов треба да дадат одговор на јавноста зошто човекот не е згрижен како што треба и зошто е оставен сам на себе? А, исто така треба да се произнесе и самото министерство како е можно да се дозволи вака во неговиот сектор и да не се интервенира. Хуманоста ќе се види на дело ако надлежните во здравството, се искоординираат со колегите од труд и социјала.
Работата на министрите и директорите не е само да се сликаат и да кажуваат дека ја вршат работата во рамки на функцијата, туку и да покажат хуманост. Хуманоста треба да ја покажат и Венко Филипче и неговата колешка Мила Царовска.
Бидејќи станува збор за самохран родител се поставува и прашањето дали и кој се грижи за детето, каде се социјалните служби?
Изгледа дека наместо да се згрижи човекот и да се излекува, институциите си префрлаат вина меѓусебно.
На сите овие дилеми одговор треба да дадат надлежните институции, бидејќи поради нечија неодговорност се ставаат под ризик животите и самото здравје на граѓаните.