Во моментот, на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ во тек е постапка за зајакнување на постојниот кадар со 10 доктори на медицина кои би се упатиле на специјализација како и вработување на 20 медицински сестри, а во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо работиме на значително доекипирање со вработување на 30 медицински сестри, истакна д-р Милошев.
Со цел унапредување на овие дејности во повеќе јавни здравствени установи д-р Милошев потенцираше дека е предвидена набавка на нова медицинска опрема за ортопедија и трауматологија, наменета за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија св.Еразмо – Охрид, Општа болница Струмица и Клиничка болница Штип, а во тек се и активности за формирање на траума-центар во рамки на Градската општа болница „8 Септември“. Ова го изјави Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој синоќа се обрати на отворањето на четвртиот конгрес на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози – МАДОТ.