Во распаднатата зграда на Интерните клиники во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, дојде министерот за здравство, Венко Филипче и пресече лента на ходникот на Клиника за Очни болести, а пресече лента и на еден апарат на истата клиника. Бидејќи без пресечена лента и кревање фама околу еден ходник и еден апарат, ќе испадне дека во целиот мандат министерот Филипче успеал само да одржи една епидемија цела година и да „закачи“ апанажа од вакцините која се пресметува во неколку милиони евра.
Сега следи период каде интензивно ќе се сечат ленти на се што може да се покаже дека оваа власт на некаков начин успеала да го одржи, да го набави или сочува. Па, така тука следи во наредниот период целото министерство за здравство заедно со министерот да вршат посети по клиники и здравствени домови каде ќе се сечат ленти и ќе се пуштаат во употреба од две игли и шприц, па се до ангиограф и слични апарати кои се набавени претходно и кои можеби веќе се во функција. Сето тоа ќе се презентира сега, да не ги чуди пациентите и болните, следат избори, ако досега тие „БЕА“ на прво место за Филипче, сега следи период каде ќе бидат запоставени !?
Страшното е што иститот тој министер за здравство, Филипче кој продава чесност и грижа пред граѓаните на Македонија, пред нејзините пациенти и болни, наместо тоа да го демонстрира преку соодветни лекарства, поволности, помош за лицата кои бараат лекување надвор од државата, наместо тоа да биде во експерти од одредени медицински области и едукација на нови кадри, да имаме помалку смртни случаи, ние се соочуваме со недостаток на кадар, бегање на доктори од државата, привидни мерки на помош, мерки кои не постојат, јавно – приватни партнерства за нечии приватни интереси и богатење, па се до демонстриање на слепило пред грдата слика во здравството и презентација на здравствениот систем во Македонија заедно со сите нејзини единици, институции како најмодерен, ултра ефикасен и неспоредливо добар во регионот и пошироко.
Токму тоа се случи повторно, На пат кон клиниката за Очни болести и кон апаратот за кој што требаше да исече лента министерот Филипче, тој без проблем помина низ неодржувани, скали со испаѓани плочки, оставени на забот на времето и оставена таа грда слика на здравството да продолжува да стои како потсетник за неспособноста на оваа власт и овој министер за здравство.
Можеби Филипче е „слеп“ за ваквите слики по клиниките и не ги приметува воопшто, но, затоа пак од друга страна своја промоција си доби еден од апаратите на очната клииника кој се користи за многу рана детекција на заболувања на очите, таканаречената ретинопатија кај предвремено родените деца, додека вториот апарат кој беше промовиран служи за детекција на промените во крвните садови кај одредени болести како што е глаукомот. Секоја чест за апаратите, меѓутоа пристапот, начинот и третманот на докторите, пациентите и институциите е под задоволувачко ниво.
Министерот Филипче рече дека ова е еден значаен чекор напред во квалитетот, што ќе го пружи Очната клиника во периодот што следи со оглед на тоа што досега за дијагноза на ретинопатија кај предвремено родените деца се користеше стара метода.
– Со оваа метода очекуваме компликациите од тие нарушувања во очите кај предвремено родените деца да резултираа со нула проценти слепило за разлика од тоа што беше досега со старата технологија која не можеше се да детектира. Сега со навремена и точна дијагноза може навреме да се даде соодветна терапија со која клиниката веќе располага за да се надмине тој проблем. Другиот апарат значајно ќе помогне во квалитетот на услугата што ја добиваат пациентите со глауком заради тоа што се добива прецизна и точна компјутерска слика на крвните садови што исто така индицира навремено давање соодветна и модерна терапија, истакна Филипче.
Повеќе од очигледно за министерот Филипче е дека патот до целта и фалењето на себе е поплочен со стари скали, испаѓани плочки и лоши и неодржувани ходници, па поради тоа некогаш можеби е подобро да се биде „слеп“ за ваквите работи за да може само тоа што е од личен интерес или интерес на партија да биде промовирано.
ДОСТА! Доста со вакви демагогии, итна оставка на министерот Филипче и промена на подобро во здравствениот систем!
Граѓаните се огласија и бараат промени на подобро, поголема грижа, поодговорен пристап и квалитетен министер за здравство.