22 годишното момче од Куманово кое беше тешко повредено во вооружениот инцидент во Мала Рецица е опериран на хируршките клиники и е надвор од животна опасност, потврдија за zdravstvo.mk од КАРИЛ. Од таму информираат дека во текот на денот здравствената состојба на Кумановецот е подобрена, но сеуште е под опсервација. Тој во инцидентот се здобил со огнострелна пшовреда на градниот кош.
По синоќешната престрелка во Мала Речица почина 47 годишен Кумановец, а уште едно лице е повредено во пределот на ногата.