Глауком или зголемен очен притисок е прогресивна болест при која се оштетува очниот нерв и која води до постепено намалување на видот. Во САД глаукомот е втората најважна форма на иреверзибилно или неповратно слепило кое зафаќа повеќе од 1,5 милони индивидуи и предизвикува слепило кај повеќе од 150.000 случаи. Карактеристично за оваа болест е што нема симптоми и еднаш кога видот ќе се изгуби тоа е засекогаш. Опасно е тоа што дури 40 проценти од видот се губи без личноста тоа да го забележи. Проценките на Светската здравствена организација се дека 4,5 милиони луѓе во светот се слепи благодарение на глаукомот.
Во светот се уште не постои лек кој може да го излечи галукомот, но постојат медикаменти или операција кои можат да успорат или да го спречат понатамошното губење на видот. Постојат неколку типови на глауком и тоа: примарен глауком на отворен агол, примарен глауком на затворен агол, глауком на природна тензија, млад примарен глауком на отворен агол и детски конгенитален глауком.
Најдобриот начин за да се заштитиме од глауком се честите очни прегледи и доколку се утврди било какво губење на видот предизвикано од глауком, треба да се започне веднаш со третмани, користење на терапија, со што би се спречило понатамошното губење на видот. Секако и генетиката игра голема улога кај оваа болест, па затоа кај ваквите пациенти се препорачуваат навремени и почести очни прегледи со цел да се спречи напредувањето на болеста и целосното слепило.