Медицинскиот журнал JAMA Network Open објави податоци според кои изложувањето на стрес за време на бременост е поврзана со намалување на волуменот на хипокампусот кај фетусот.
Хипокампусот е задолжен за долгорочно и краткорочно паметење, учење и контрола на емоциите.
Стресот во бременост е вообичаен, но повеќе од четвртина од 119 испитаници во текот на истражувањето имале натпросечни вредности на перципиран стрес.
Сличен број испитаници покажале и симптоми на анксиозност, додаваат американски истражувачи од Children’s National Hospital во Вашингтон.