Во текот на денешниот ден од доктори ширум Македонија добивме разно разни дојави и информации дека системот „Мој Термин“, воопшто не работи. Наводно тоа се должело на инсталација на некакви додатоци во системот која започнала доцна синоќа, но и утрово пациентите беа блокирани и им беа ускратени основните услуги во здравствениот систем во Македонија.
Цело утро пациентите неможеа да добијат упат, неможеше да се закаже термин, докторите кои работат во итните служби, неможеа да креираат упати и да ги препратат пациентите до соодветните клиники само и само затоа што оваа власт на чело со министерот за здравство(тендери и провизии), Венко Филипче не се грижат системите да функционираат, не се грижат пациентите да имаат и да добијат соодветна медицинска грижа и помош, туку нивните аспирации и желби се насочени кон создавање на лично богатство, местење на тендери во 4-ри очи и земање провизии за донирани вакцини.
До кога вака? – прашуваат пациентите и болните кои чекаат по клиниките ред за упат и рецепти.
Пациентите ширум Македонија не беа во можност до 11 часот утрово да го добијат тоа што им следува, за што плаќаат секој месец здравствена заштита, поточно да добијат грижа и нега од страна на медицинските лица, доктори и персонал низ клиниките ширум република Македонија затоа што докторите од никаде во болницата не можеа да креираат упати, записи за прием како и да се издаваат рецепти на пациенти, каде што можеби во тој момент некој пациент има животно загрозувачка ситуација во која итноста е изразена во минути или секунди за да може да се спаси неговиот живот.
Колку вакви инциденти, случаи, загубени животи треба да се случат за оваа власт да разбере дека грешките во здравството не се корегираат со гума или коректор, тие се бројат во човечки животи кои не се враќаат. Кога оваа ненародна власт и ненародниот министер за здравство Филипче ќе заминат и ќе се престане со ваквите пропусти и инциденти во здравствениот систем кои на некого му значат многу во одредениот момент или ситуација. – прашуваат инволвираните доктори во здравствениот систем
Дали спиеш мирно министре Филипче, кога при вакви ситуации ќе се загубат човечки животи?
Народот бара оставка од министерот Венко и подобрување на здравствениот систем во Македонија, ова е самото дно на тоа како се третираат и на кој начин се презентира (не)грижата за македонскиот пациент кој е во потрага по неговото здравје.